Мамурлакот може да биде лош потсетник на лудата ноќ, а за да се преживее следниот ден, треба да ѝ се заблагодариме на мајката природа.За ублажување на мамурлакот најдобро е да се консумираат одредени видови храна.
Лубеница
Помага во хидратација на телото и овозможува свежина, еден од најголемите непријатели на мамурлакот.
Банани
Калиум и магнезиум се минералите што алкохолот алармантно ги загрозува во телото. Затоа бананата, која е богата со овие минерали, е одличен начин за нивно враќање. Бананата помага и против киселините, му помага на стомакот да се смири и да се намали чувството на подуеност.
Зобни снегулки
Алкохолот го лишува телото од важни витамини. Зобот е богат со витамин Б, а е добар за црниот дроб, но и за расположението. Исто така, го неутрализира нивото на киселини во телото и апсорбира штетни токсини. Го подига нивото на шеќерот во крвта.
Кокосова вода
Оваа намирница е полна со електролити што многу му се потребни на телото по ноќта исполнета со алкохол. За разлика од спортските пијалаци кои имаат електролити, кокосовата вода не е газирана, што е многу поздраво.
Ѓумбир
Помага при чувството на мачнина и проблемите со стомакот предизвикани од алкохол. Најдобро е да се консумира во природна форма, но ако ви е многу јак вкусот, тогаш нарендајте го во вода или сок.За ублажување на мамурлакот најдобро е да се консумираат одредени видови храна.
Лубеница
Помага во хидратација на