Дали некогаш сте се запрашале зошто седиштата во јавниот превоз се грди? Голем дел од нив се прекриени со посебна волнена навлака што е отпорна на дамки и на оган.Изгледот на ткаенината во автобусите обично не е убав за очи, а зошто е тоа така, за Би-Би-Си открија стручни лица.
Пред сѐ, дизајнот мора да биде издржлив. Секојдневно, едно седиште го користат десетици патници, а тоа треба да издржи барем неколку години во употреба, да биде лесно за одржување, а истовремено нечистотијата да биде невидлива.
Но, она што е најважно се сигурноста и огноотпорноста. Најпозната во тој поглед е тн. мохет мешавина од волна.
– Волната е природно отпорна на оган, а од сите современи видови волна, мохетот е најотпорен. Тој е исто така отпорен и на дамки и многу добро ги прикрива ситните честички прашина. Чистењето го олеснуват и разни средства за премачкување, изјави Хариет Волис-Џонс за Би-Би-Си.
Што се однесува до одлуката за надворешниот изглед, Џон Њутон, шеф на продажба во „Камера Фабрикс“ – синџир производствени капацитети за превозни средства, вели дека на еден обичен состанок учествуваат производители одговорни за седиштата и за самите возила, дизајнери и официјални претставници на транспортните компании, па така, на потполна согласност од сите нив се чека и до неколку години.
Ако на тоа се придодаде и времето потребно за комплетна изработка на возилата, лесно доаѓаме до заклучок дека она што пред неколку години изгледало модерно, денес не е.
Друга причина веројатно е – монотонијата…Изгледот на ткаенината во автобусите обично не е убав за очи, а зошто е тоа така, за Би-Би-Си открија стручни лица.
Пред сѐ, дизајнот мора