Фудбалската репрезентација на Македонија, годината ќе ја заврши на 81-то место на ранг листата на ФИФА.
Во однос на изминатиот месец, Македонија, на најновата ранг листа која ФИФА ја објави во средата, напредуваше за две места.
Инаку, ’црвено-жолтите’ го минаа Велс и повеќе не се селекција со најлош рејтинг во квалификациската Група А за пласман на Светското првенство.
Што се однесува до останатите противници од групата највисок рејтинг има Хрватска која се наоѓа на 10-то место, Белгија е на 21-то, Србија на 38-то, а Шкотска на 72-то место.
Кога станува збор за врвот на ФИФА листата, таму нема промени меѓу првите три репрезентации: Шпанија, Германија, Аргентина, Италија и Колумбија напредуваа за по едно место, Англија ја задржа шестата позиција, Португалија бележи пад од три места и сега е седма светска фудбалска сила, додека на осмото место е Холандија, деветта е Русија, а Топ 10 завршува со Хрватска.
Македонија, првиот натпревар во 2013 година ќе го одигра на 6.февруари, кога во контролен меч во Скопје ќе игра против Данска. Во квалификациите избраниците на Чедомир Јаневски, првиот натпревар ќе го одиграат 22. март кога ќе ја пречекаат Белгија.