Музејот на Египет во Каиро за прв пат го изложува најстариот напис од Египет, напишан на папирус. На папирусот во детали е опишан секојдневниот живот на творецот на големата пирамида во Гиза, кој под свое водство имал тим од 200 градежници.
Освен мислите на раководното лице, папирусот го содржи и секојдневниот живот на градителите.
Напишан е со хиероглифи и парчињата се стари неверојатни 4.500 години, со тоа станувајќи некои од најстарите најдени натписи.
На разочарување на теоретичарите на заговор кои веруваат дека зад градењето на пирамидите стојат вонземјани, се чини дека пирамидите сепак ги изградиле луѓе.
На папирусот во детали е опишан секојдневниот живот на творецот на големата пирамида во Гиза, кој под свое водство имал тим од 200 градежници.