Кога едно 15-годишно момче добило шанса да купи неверојатен спортски автомобил за мала сума пари, не можело да одолее. Но, постоел еден услов…Еден ден, тој паркирал преубаво црвено Ферари пред куќата.
Неговите родители веднаш почнале да викаат толку гласно што и соседите ги слушнале. Сепак, тој мирно им одговорил: „Го купив денес.“
„Како?“ – налутено викала неговата мајка. „Знаеме дека сигурно не можеш да си приуштиш таков автомобил. Татко ти и јас не можеме да си го дозволиме тој луксуз!“
„Овој можев. Ме чинеше 15 долари.“
Ова уште повеќе ги налутило родителите: „Никој со здрав разум не би продал Ферари за 15 долари!“ – изјавил таткото.
„Ми го продаде една жена. Не се сеќавам на нејзиното име, но ме виде како возам велосипед и ми понуди Ферари за 15 долари.“
„Како можеше така? Можеби е злоставувач на деца. Што ќе направи следно? Џеф, подобро е да одиш до нејзината куќа и да видиш што се случува.“
Кога таткото стигнал до куќата на жената, таа била во градината и садела цвеќиња.
„Син ми рече дека сте му продале Ферари за 15 долари. Сакам да знам за што станува збор!“
„О, да. Добив прилично вознемирувачки повик од мојот сопруг утринава. Прво ми рече дека е на службен пат, но еден пријател ми откри дека всушност заминал на Хаваите со својата секретарка. Ми рече дека нема намера да се врати и ме праша дали би можела да му ги пратам парите од продажбата на неговото ново Ферари. И го направив томку тоа.“
Изгледа дека неверниот сопруг го добил заслуженото!Еден ден, тој паркирал преубаво црвено Ферари пред куќата.
Неговите родители веднаш почнале да викаат толку гласно што и соседите ги слушна