Петнаесетгодишен тинејџер открил заборавен град на древните Маи користејќи само сателитски снимки и познавање на астрономија.Вилијам Гадори од Квебек, смета дека нашол град на древните Маи, посочувајќи дека неговата строга поставеност е во сооднос со соѕвездијата коишто древните Маи ги познавале.
Проучувајќи ја ѕвездената карта, тој утврдил дека еден град недостасува во дизајнот на констелацијата на три ѕвезди. Со помош на сателитски снимки обезбедени од Канадската вселенска агенција и „Google Earth“, тој успеал да открие исчезнатиот град на местото на една од ѕвездите.
Вилијам го крстил градот, кој се наоѓа на полуостровот Јукатан во Централна Америка, „K'aak Chi“ или Огнена паста.
Според Даниел де Лисле од Канадската вселенска агенција, областа каде се претпоставува дека е градот, е доста тешка за истражување поради својата густа вегетација. Сепак, сателитските снимки на местото покажаа една зелена област која е конвексна од остатокот на теренот.
„Има црти кои сугерираат дека има нешто под оваа покривка од зеленило“ – посочи Де Лисле и додаде: „Има доволно показатели според кои можеме да претпоставиме дека постои објект направен од човек.“
Во исто време, според д-р Арманд ла Рок од канадскиот Универзитет во Њу Брензуик, на некои од сателитските снимки се гледаат контури на мрежа од улици и објект кој е можно да биде пирамида.
Откритијата на Вилијам ќе бидат објавени во научниот журнал и ќе бидат претставени на бразилскиот Меѓународен научен саем во 2017 година.Вилијам Гадори од Квебек, смета дека нашол град на древните Маи, посочувајќи дека неговата строга поставеност е во сооднос со соѕвездијата кои



