Нашиот сончев систем е огромен. Се протега далеку после Плутон, во територија оддалечена многу светлосни години. Како би изгледало ако некоја планета орбитира околу Сонцето, на таа оддалеченост? Тим научници неодамна го откриле тоа.Откриена е мистериозна планета во далечините на сончевиот систем, и најверојатно е 10 пати поголема од Земјатa, и е зажарена со инфрацрвено зрачење, но исто така има и смрзнувачка температура од -226 степени целзиусови, покажува симулацијата.
Астрофизичарите Ештер Линдер и Кристоф Мордасини од Универзитетот во Берн, Швајцарија, успеале да го направат моделот на планетата што иако уште не е пронајдена, хипотезите дека постои се покажуваат како точни.
„Со нашето истражување, кандидатот за Планета Девет е многу повеќе од само маса. Таа има физички особини“, изјавува Мордасини.
Сончевиот систем не завршува со џуџестата планета Плутон. Дефиницијата за работ на сончевиот систем е „завршниот шок“, точката до каде што може да достигне соларниот ветер, односно млаз од честички што доаѓаат од Сонцето. Оваа далечина е проценета на 80 до 200 пати подолга од далечината меѓу Сонцето и Земјата.
Некои научници процениле дека гравитационите ефекти на Сонцето можат да достигнат и до две светлосни години во просторот, и во тој радиус е технички во сончевиот систем.
Плутон во просек орбитира 40 пати од должината меѓу Сонцето и Земјата. Зад Плутон, има огромен простор за орбитирање на други планети, и затоа не е изненадување што научниците откриле уште една планета.
Заради фактот дека сончевата светлина е далеку, планетите би требале да се карпести и/или заледени. Затоа, Линдер и Морасини го извеле заклучокот дека Планетата 9 најверојатно е помала варијанта на Уран или на Нептун, со тврдо јадро од железо и силикат, обвиена со густ слој од мраз и обвивка од хидроген и хелиум. Големината најверојатно е 10 пати повеќе од онаа на Земјата, односно радиусот е 3.7 пати поголем. Орбитирањето е 700 пати поголемо од величината меѓу Земјата и Сонцето. Со оглед на далечината, таа веројатно уште е во фаза на ладење, и заради тоа зрачи радијација во обликот на инфрацрвена светлина. Заради оваа инфрацрвена радијација, најголема шанса да ја видиме е со телескоп како Големиот Телескоп за Синоптички Истражувања што во моментов се гради во Чиле, и ќе биде доволно моќен за да сними зрачења на оваа далечина.Откриена е мистериозна планета во далечините на сончевиот систем, и најверојатно е 10 пати поголема од Земјатa, и е зажарена со инфрацрвено зрачење



