Астрофизичар тврди: Има голема веројатност Универзумот да претставува симулација

Ние им веруваме на научниците дека имаат подобра идеја за тоа како светот всушност функционира. За време на дебатата во Националниот историски музеј на САД, на која беше дискутирано прашањето дали Универзумот е симулација, одговорите на учесниците како да беа посмирувачки од оние на другите научници. Физичарот Лиза Рандал, вели дека според неа, веројатноста Универзумот да не е „вистински“ e толку мала, што „практично е блиску до нула.“ Задоволителен одговор за оние коишто не сакаат да седат и да се прашуваат што би значело Универзумот да не е вистински, пишува Business Insider.Од друга страна, астрофизичарот Нил Деграс Тајсон, кој ја водеше дебата, рече дека според него веројатноста Универзумот да е симулација „може да е многу висока.“ Прашањето дали знаеме дали Универзумот е реален, ги мачи научниците од многу одамна.
Повеќето физичари и филозофи, сепак се обединија околу идејата дека е невозможно да се докаже едногласно дали не живееме во симулација и дали Универзумот е вистински.
Тајсон е согласен со тоа, но вели дека не би се изненадил ако најдеме некако дека некаде, некој е одговорен за нашата вселена. Тајсон наведува дека ние, луѓето, отсекогаш го сметаме човечкиот вид како најпаметен и сме многу поинтелигентени од останатите видови, како на пример шимпанзото, чија ДНК наликува близу 99% на нашата. Ние можеме да создаваме симфонии, да се занимаваме со тригонометрија и астрофизика (или барем некои од нас).
Сепак, тој користи мисловен експеримент за да си претстави форма на живот која е толку попаметна од нас, колку што ние сме попаметни од кучињата и шимпанзото, на пример.
„Како би изгледале претставниците на оваа форма на живот? Во нивно присуство би биле лига на идиоти кои трескаат глупости“ – вели тој. 
Каква и да е оваа форма на живот, таа сигурно е способна да создаде симулација на Универзумот. 
„Ако е таков случајот, јас лесно можам да замислам дека сè во животот е творба на некој друг за негова забава“ – вели Тајсон и додава: „Велам дека еден ден, кога ќе дознаеме дека тоа е вистината, јас ќе бидам единствениот тука којшто ќе рече:`Не сум изненаден.`“Од друга страна, астрофизичарот Нил Деграс Тајсон, кој ја водеше дебата, рече дека според него веројатноста Универзумот да е симулација &

Пронајдете не на следниве мрежи: