Тим научници успеа да сними неверојатна снимка од илјадници црвени ракчиња како се движат на дното на морето, каде водата е со многу ниско ниво на кислород.
За време на едно нуркање во Панама, тимот наиде на огромна група на црвени ракчиња на длабочина од дури 355 до 385 метри, во вода со ниско ниво на кислород.
Биологот и главен научник на тимот истражувачи, Хесус Пинеда, изјави: „Никој до сега не го нашол овој вид волку длабоко“. Да се најде ваков вид во екстремни длабочини е многу невообичаено. „Овие ракчиња ги сметавме за вид што живее во плитки води и претпоставуваме дека се навикнале на вода со помалку кислород во обид да избегаат од грабливците“.
Во продолжение погледнете ја снимката од ракчињата:
За време на едно нуркање во Панама, тимот наиде на огромна група на црвени ракчиња на длабочина од дури 355 до 385 метри, во вода со



