Еве зошто не можете да заспиете кога ќе ја промените средината

 
Нови истражувања научно го докажаа овој факт, а виновен е мозокот, кој „стражари“ додека спиете. Но, не грижете се, тоа е само во првата ноќ.
  
Првата ноќ на ново место често, како на пример во хотел, често ја паметиме по лошиот сон. Според најновото истражување, причината за ова е обидот на вашиот мозок да остане подготвен и да ве заштити.
Ефектот на „прва ноќ“ се однесува на феноменот во кој новите средини ги прекинуваат нашите вообичаени навики на спиење. Ова одамна е познато, а конечно научниците од Универзитетот Браун докажаа дека не е случајно.
Мазако Тамаки и тимот научници извршиле серија од тестови на човечкиот мозок за да откријат зошто се случуваат овие промени. Ја набљудувале активноста на мозокот користејќи ултрасензитивни невро-слики, и откриле дека левата хемисфера од мозокот останала целосно активна во првата ноќ на спиење на различно место од вообичаеното. Експериментот бил повторен три пати. Секој пат, добиените резултати биле исти.
За тестирање на будноста, истражувачите пуштиле звуци во секое уво на заспаните учесници во експериментот, и откриле дека кога звуците биле пуштени во десното уво, односно во левата страна на мозокот, учесниците имале поголема шанса да се разбудат.Ова ни кажува дека активноста на мозокот е за зголемена готовност, што навистина е потребна во непознати средини.
Резултатите покажуваат дека на втората ноќ од спиењето во непозната средина, хемисферите во мозокот работеле на ист начин.
Ваквото „вклучување и исклучување“ на хемисферите е познато како интерхемисферна асиметрија и е доста често кај животните, а најчесто кај морските цицачи, кои мораат да излегуваат на површината за да дишат, дури и додека спијат.
  
Првата ноќ на ново место често, како на пример во хотел, често ја паметиме по лошиот сон. Според најновото истражување, причината за

Пронајдете не на следниве мрежи: