Плутон повторно изненади

 
 
Научниците не веруваа дека Плутон има доволна гравитација за да ги држи тешките јони, но џуџестата планета повторно ги измами очекувањата и со тоа ја зголеми својата мистерија.
 
  
Плутон има сосема различна интеракција со соларниот ветер од било кое друго тело во соларниот систем, изјавија научниците што ги анализирале податоците од новото возило на НАСА, Horizons.
„Резултатите се вчудоневидувачки“, изјави Дејвид МекКомас од Универзитетот во Принстон, кој е главен автор на истражувањето објавено во Магазинот на геофизички истражувања – Физика на Вселената.
Научниците веруваа дека оваа џуџеста планета има многу слични карактеристики на комета, но наместо тоа, тие наидоа на интеракција со соларните ветри што многу повеќе ги доближува нејзините карактеристики кон поголемите планети како Венера и Марс.
Соларниот ветер е плазма што тече од Сонцето со брзина од 160 милиони километри на час, буткајќи се што ќе и се најде на патот со протони и електрони. При средбата со комета, соларниот ветер полека забавува.
Научниците веруваат дека Плутон е еден вид на хибрид меѓу Марс и Венера. Заради малата големина, тие не веруваа дека Плутон може да ги држи тешките јони во својата подалечна атмосфера, но згрешија. МекКомас изјави: „Гравитацијата на Плутон очигледно е доволна за да ја држи материјата во своите граници“. Истражувачите успеале да ги пронајдат тешките јони на метанот, главниот гас што успева да излезе од атмосферата на Плутон, од лесните хидрогенски јони што доаѓаат од сонцето, со помош на еден од инструментите на New Horizons.
Исто така, се чини дека како и Земјата, и Плутон има долга јонска опашка што се протега на 118,700 километри. „Овие откритија ни нудат информации за магнетизираната плазма што може да се најде и околу други ѕвезди“, изјави МекКомас. „Оптегот на интеракцијата со соларниот ветер е сосема различен, и ова ни овозможува компарација со која подобро ќе ги разбереме врските меѓу планетите во нашиот соларен систем, па и пошироко“.
  
Плутон има сосема различна интеракција со соларниот ветер од било кое друго тело во соларниот систем, изјавија научниците што ги ана

Пронајдете не на следниве мрежи: