Секој може да предвиди нешто на основа на фактот дека историјата се повторува. Но, не се сите предвидувања исполнети, а некои се сосем смешни, како што ќе видите во овој текст.
Неколку децении наназад, за многу предмети е предвидено дека нема да го најдат своето место во светот. Еве некои од производите, што и покрај тоа што добиле негативни коментари во времето во кое се појавиле, денес се мошне влијателни.
-Ајпод: „До наредната година овој производ ќе биде мртов“, изјавува бизнисменот Лорд Алан Шугар за судбината на ајподите на марката Apple во 2005 година.
-Битлси: „На Битлси не им е местото во шоу-бизнисот. Не звучат добро, во времето во кое живееме не се актуелни групи, а посебно групи со четири членови со гитари.„ –изјавува извршниот директор на издавачката куќа Дека Рекордс, на менаџерот на групата Брајан Епштајн во 1962 година.
-Автомобили: „Коњот ќе остане, а автомобилите се мода што ќе помине„, рекол претседателот на Штедилницата на Мичиген, советувајќи го адвокатот Хенри Форд да не инвестира во „Форд Мотори“, во 1903 година.
-Воз: „Патување со воз со големи брзини е невозможно, бидејќи патниците не би можеле да дишат и би умреле од задушување“, рекл доктор Дионизис Лардер, научник и академик во дамнешната 1828 година.
-Рокенрол: „Рокенролот ќе изумре до јуни оваа година“ – Наслов во 1955 година во списанието „Variety“.
-Жена премиер: „Ќе поминат многу години, ако не и векови пред жена да стане премиер“, изјава на Маргарет Тачер, идна премиерка во 1969 година.
-Купување он-лајн: „Купувањето на далечина, иако е многу практично, ќе пропадне“ – наслов во 1966 година во списанието „Times“.
-Хери Потер: „На децата едноставно веќе не им се интересни вештерките и волшебниците“, изјавува директорот на една издавачка куќа на авторката Џоани Роулинг во 1996 година.
-Ракети: „Ракетите никогаш нема да можат да ја напуштат атмосферата на Земјината топка“, пишува „New York Times“ во далечната 1936 година.
-Нуклеарна енергија: „Не постои никаков знак дека нуклеарната енергија некогаш ќе биде употреблива. Тоа би значело дека атомот може да се раскине“, изјавува познатиот научник Алберт Ајнштајн во 1959 година.
-Телефон: „Телефонот има премногу недостатоци за некогаш да го сфаќаме за начин на комуникација“, му вели Вилијам Ортон, претседател на „Western Union“ на Грејам Бел, кој својот изум се обидел да и го продаде на оваа компанија.
Неколку децении наназад, за многу предмети е предвидено дека нема да го најдат своето место во светот. Еве некои од производите, што



