Многумина ги сметаат сините очи за најатрактивни, можеби затоа што нивната боја потсетува на небото или морето, што пак нам ни асоцираат на совршенство и нешто возвишено. Но, едно ново истражување дошло до интересен заклучок, а тоа е дека сините очи се всушност „лажни“ смеѓи очи. Што значи тоа?
Сините очи кријат една вчудоневидувачка вистина, тврдат научниците кои откриле еден огромен факт заеднички за сите луѓе со оваа боја. Имено, научниците со години го проучувале генот OCA2, чии носители имаат смеѓи, зелени или костенливи очи, обидувајќи се да откријат на кој начин тој мутира. Меѓутоа, излегло дека научниците цело време истражувале во погрешната насока. Мутацијата ја пронашле на генот HERC2, кој делува како прекинувач кој ја исклучува смеѓата боја, заради што, гледаме сино.
Заради тоа, навистина може да се каже дека синооките луѓе навистина се луѓе со „лажни“ смеѓи очи. Истражувањето покажало дека само луѓето со европско потекло имаат сини очи. Научниците веруваат дека оваа мутација се случила при првата миграција на нашите предци во северна Европа.
Сините очи кријат една вчудоневидувачка вистина, тврдат научниците кои откриле еден огромен факт заеднички за сите луѓе со оваа боја



