Животни кои живеат во екстремно ладни услови

 
Најладните места на светот се наоѓаат на јужниот и на северниот пол, како и на планините. Само најситните животни, како ледените црви и инсекти можат да ги издржат поларните температури во текот на годината. Инсектите како скокунот можат да преживеат на температури од -38 степени целзиусови, кои што владеат на Антарктикот, затоа што нивната телесна течност содржи материи што тешко замрзнуваат.
  
На Антарктикот живеат птици, како пингвините, снежните кокошки, и морските леопарди, кои што се хранат со пингвини. Во поларните мориња живеат китови и риби кои што имаат телесна течност што работи на принципот како автомобилскиот антифриз и го спречува замрзнувањето.

Цицачите како што се поларните мечки, морските лавови и моржовите имаат залихи на сало и крзно што ги штити од ладното за да можат да го поминат поголемиот дел од годината на арктичкиот лед. Младите бели мечиња се раѓаат во дупки што мајката ги копа во снегот и остануваат со неа повеќе од 2 години учејќи да ловат фоки.
Поларните лисици и зајчиња во зима стануваат бели, заради што е тешко да се видат. Крзното во зима им служи како камуфлажа за полесно прикрадување на пленот. Кога снегот се топи, крзното ја добива бојата на околината. Лисицата може да издржи температури и до -50 степени целзиусови.
  
На Антарктикот живеат птици, како пингвините, снежните кокошки, и морските леопарди, кои што се хранат со пингвини. Во поларните мор

Пронајдете не на следниве мрежи: