Чарлс Хетфилд – продавачот на дожд!

Чарлс Хетфилд (1875-1958), во 1902 година создал тајна мешавина од 23 хемиски материи кои со своето испарување можеле да предизвикаат дожд.Тој објавил реклама во весниците, во која им ветил на земјоделците чии фарми се погодени од суша дека ќе им „направи“ дожд за 50 долари.
Постепено цените му растеле и во 1915 година, тој се договорил со властите на Сан Диего да предизвика дожд да се пополнат до крај резервоарите со вода, а цената која му била исплатена биле 10.000 долари. Хетфилд изградил кула од која го започнал прскањето со хемикалии.
На 5 јануари започнал силен пороен дожд, кој врнел без прекин во текот на 15 дена.
Резервоарите со вода се преполниле, урнати биле две брани, а и загинале околу 20 луѓе.
Властите на државата одбиле да му платат и покренале судска тужба против пронаоѓачот да им исплати 3,5 милиони долари за предизвиканите штети.
Случајот траел 23 години, но завршил без резултат.
Според Хетфилд, тој предизвикал повеќе од 500 дождови.
Тајната на својата формула никогаш ја нема откриено.Тој објавил реклама во весниците, во која им ветил на земјоделците чии фарми се погодени од суша дека ќе им „направи“ дожд за 50 долари

Пронајдете не на следниве мрежи: