Замислете си дека шетате низ некоја магична шума, кога во еден момент стигнувате до сливово дрво што се наоѓа во нечиј двор. Од возбуда кинете една слива, но само што го вкусувате првиот залак, се појавува непознат човек.Разлутениот човек ви вели: „Украде една од моите сливи“.
Се обидувате да му ја вратите и објаснувате дека немавте намера да украдете од него, туку едноставно дека сте ги виделе сливите и ви се допаднале.
„Тоа не го исклучува фактот дека се обиде да украдеш. Казната за крадење сливи во оваа земја е смрт“ – вели човекот.
Потоа ве носи до едно пресечено дрво и на него реди три бонбони – зелена, црвена и сина. Седнува на едната страна и вели:
„Постои начин како сам да си пресудиш или да ја избегнеш смртната казна. Две од овие бонбони се отровни и ако пробаш една од нив, умираш за 30 секунди.
Но, една од бонбоните нема да ти наштети. Ако ја одбереш таа бонбона, слободен си“.
Во рака ја земате зелената бонбона.
Пред да ја ставите во уста, човекот ви вели: „Постои една традиција која ја правиме за секого. Држи ја бонбоната која ја одбра. Знам кои бои се отровни. Ќе одберам една отровна. Можам да ти кажам дека сината бонбона со сигурност е отровна“.
Ја зема сината бонбона и на дрвото останува само црвената бонбона.
„Сега е време да одбереш и изедеш бонбона. Уште нешто, дозволуваме да се предомислиш ако сакаш и да ја одбереш другата бонбона“ – заклучува човекот.
Која бонбона ќе ја одберете?
Одговор на следна страна…
Што мислите дали е сеедно која бонбона ќе ја одберете?
Одговорот е дека е важно која бонбона ќе ја одберете.
Кога првпат ја одбравте зелената бонбона постоеше 1/3 шанса дека е безбедна за јадење и 2/3 шанса дека е отровна.
Со отстранувањето на сината бонбона тој ви кажува многу за црвената бонбона. Практично како да ви кажа дека ако безбедната бонбона е сè уште на дрвото, тогаш тоа е црвената бонбона, затоа што ја отстрани сината бонбона.
Односно, ако сте одбрале отровна бонбона – што има 2/3 шанса да е така – тогаш менувањето на изборот ќе ве спаси. Ако сте ја одбрале безбедната бонбона – што има шанса 1/3, тогаш заменувањето ќе ве убие.
Пресметката можете да ја направите и поинаку. Од 300 избори, само 100 ако ја одберете зелената бонбона можете да се спасите, а 200 пати ако ја одберете црвената бонбона.
Истото важи и ако стави 1.000 бонбони на дрвото и сите од нив имаат одредена бројка како назнака на нив.
Овојпат ја одбирате бонбоната под број 267 и ја држите во рака. На дрвото остануваат останатите 999 бонбони. Сега, откако ја држите бонбоната 267 во рака, човекот отстранува 998 бонбони и повторно на дрвото останува само една бонбона, онаа под број 749.
Бонбоната под број 267 има 1/1.000 шанса да биде безбедна. Нема ништо посебно околу неа. Од друга страна пак, бонбоната под број 749 има поголеми шанси да е безбедна затоа што го издржала тестот на бирање од човекот.
Истото важи и во првиот случај со трите бонбони. Црвената бонбона е таа која била „тестирана“ и останала на масата. Токму неа сакате да ја одберете. Разлутениот човек ви вели: „Украде една од моите сливи“.
Се обидувате да му ја вратите и објаснувате дека немавте намера да укр



