Од античките времиња, човештвото си го поставува прашањето за смислата на животот. Резултатот од овие пребарувања се бројни национални легенди и филозофски струења.Јапонска легенда за црвените нишки нѝ ги објаснува настаните од животот на таков романтичен и неверојатен начин, што ненамерно сакаме да поверуваме во неа.
Затворете ги очите и замислете дека по целото тело тече крв, која, минувајќи по бескрајните вени и крвни садови во телото, достигнува до секој агол и дава живот. А меѓу бескрајните крвни патишта во нашето тело, има еден посебен – од срцето кон малиот прст. Тие се поврзани преку лактната артерија. Малиот прст е вистинскиот „претставник“ на срцето и токму тоа е причината во многу култури овој прст да се користи за давање на ветувања и слични активности.
Така, според јапонската легенда, оваа врска – меѓу срцето и малиот прст – не завршува во малиот прст. Од малиот прст „истекува“ невидлива црвена нишка која конечно и цврсто нè поврзува со конците на други луѓе, односно со нивните срца.
Оние, коишто се поврзани со такви нишки, се поврзани со самата судбина. На нив им е судено да се состанат и во глобална смисла да влијаат на вашиот живот, независно од времето, местата и настаните кои сега ве разделуваат. За време на нашите животи таа нишка може да се растегнува или заплетка, ја отежнува средбата со други луѓе или ги поврзува, но никогаш нема да се скине.
Од овој концепт за животот и односите се родила филозофијата за поврзување, која тврди дека нашата животна сила се шири надвор од телото и нѐ обединува со Универзумот и неговата енергија. Црвен конец – тоа е начин да се разбере човечкото суштество како дел од целината, како дел од оваа огромна вселена.
Не случајно, понекогаш размислуваме за тоа што некои луѓе се присутни во нашите животи. И тие не се појавуваат случајно во животите на другите.
Нашата нишка ја одредува нашата судбина, тоа е наш одбележан пат кој нѐ води кон оние коишто најмногу нѝ се потребни и кои имаат потреба од нас, но ние самите не го сфаќаме тоа во текот на целиот живот.
Јапонците со векови веруваат: Ништо не е случајно во овој тежок, но убав живот!Јапонска легенда за црвените нишки нѝ ги објаснува настаните од животот на таков романтичен и неверојатен начин, што ненамерно сакаме да поверуваме



