Решена една од НАЈГОЛЕМИТЕ природни МИСТЕРИИ

Научниците тврдат дека откриле како работи внатрешниот компас на кралската пеперутка, односно, како се ориентираат просторно во текот на миграциите секоја есен и лето, кон југозапад. Имено, никогаш не е објаснето како мозокот на пеперутката процесира информации за локацијата, односно како знае каде треба да лета.Секоја година, кралските пеперутки летаат илјадници километри од северниот американски континент, од Канада, во топлите краеви на Мексико. „Компасот“ на пеперутката дава две информации – кој е периодот на денот и која е позицијата на сонцето, за да знаат каде е југот.
„Сакавме да дознаеме како кралската пеперутка ги процесира овие две различни информации и секоја есен лета на југозапад“, кажала Ели Шлизерманов, една од истражувачите. Пеперутките ги користат своите големи очи, за да ја видат позицијата на сонцето, но тоа не им е доволно за да ја одредат насоката кон која треба да летаат – им треба и информација за тоа, кој период од денот е.
Како и секое друго суштество, имено, имаат свој внатрешен часовник, кој има едноставен механизам – точка на раздвојување која контролира дали треба да оди лево или десно, за да го фати правецот кон југозапад. Како се менува периодот од денот, така се менува и позицијата на точката во видното поле на пеперутката.Секоја година, кралските пеперутки летаат илјадници километри од северниот американски континент, од Канада, во топлите краеви на Мексико. „К

Пронајдете не на следниве мрежи: