Откритието на капетанот на една туристичка јахта, најверојатно ќе ги инспирира ловците на мистериозното чудовиште од Лох Нес за нови пребарувања.Имено, 43-годишниот Кит Стјуарт откри длабока пукнатина на дното од езерото Лох Нес, додека пловел по него. Оваа пукнатина ја зголемува длабочината на езерото до 270 метри. Претходно се сметаше дека максималната длабочина на Лох Нес е 230 метри. Стјуарт извршил мерења со современа опрема.
Лох Нес се смета за второ по длабочина езеро во Велика Британија. Најдлабокото е Лох Морар, во кое според легендите исто така има слично чудовиште на Неси- Мораг. Длабочината на Лох Морар е 309 метри. Пукнатината на дното на Лох Нес е отворена на 14 километри од Инвернес.
Сѐ уште не е познато колкава е нејзината должина, соопштува Daily Record.
Според зборовите на капетанот, можно е пукнатината да се појавила по земјотрес. Познато е дека по дното на езерото поминуваат тектонски пукнатини, поради што го доби и називот Great Glen.
Имено, 43-годишниот Кит Стјуарт откри длабока пукнатина на дното од езерото Лох Нес, додека пловел по него. Оваа пукнатина ја зголемува длабочината



