Од блокада на сметки, до ампутација на нозете. Афористичарот Марјан Анѓеловски се надмина себеси во новата рубрика на „Македонијо, off мори мајко“.Ви ги приложуваме најновите ТОП 7 афоризми од Фабриката за мозгање на Марјан Анѓеловски.
Уживајте!
– Кога слушна дека ќе му ги ампутираат, му се пресекоа нозете.
– Пазете кому давате власт. Некои не ја враќаат.
– Памет? Немам нерви за такви ситници.
– Оралниот секс го подобрува имунитетот. Здравјето низ уста влегува.
– Не знам колку пари имам. Блокирана ми е сметката.
– Ако земјата во која што живеете е тешка за живот, тогаш нека ви е лесна земјата.
– Борбата против мито и корупција нѝ оди како подмачкана.



