Во нас се крие древен вирус и може да се активира во било кој момент!

Научниците во моментов истражуваат дали кодот, којшто го нарекоа Xq21, би можел да стане функционален кај идните генерации.Тим истражувачи од Медицинскиот факултет на универзитетот Тафтс, ги анализираа геномите на луѓето и дојдоа до изненадувачко откритие.
По анализирањето на геномите на 2.500 луѓе, откриени се 19 нови делови на нечовечка ДНК во рамките на човечкиот геном, што значи дека во нашата ДНК има дури 8% вирусна ДНК.
Најверојатно се пренесува од генерација на генерација во последните 670.000 години, а можно е вирусната ДНК да предизвикува и некои денешни болести.
Сепак, најалармантен е фактот дека експертите открија дел од вирусен код кој е недопрен и кој во било кој момент може да оживее.
Вирусологот Џон Кофин, изјави: „Постои можност овој древен вирус да стане инфективен што би било возбудливо, бидејќи би можеле да ја проучуваме вирусната епидемија која се случи многу одамна.“
Коавторот на истражувањето, Закари Вилијамс, изјави: „Бројни студии се обидуваа да ги поврзат овие ендогени вирусни елементи со ракот и останатите болести, но проблем е што сѐ уште ги немаме пронајдено.“
Вирусните синџири во човечките геноми се познати како хумани ендогени ретровируси или ХЕРВ и претставуваат копија од ДНК на древните вируси во геномите на човековите предци.
„Ова се остатоци од древните случувања што не се присутни во целото човештвото, туку само кај некои луѓе. Постојат дури и случаи во кои ХЕРВ-от влијае на изразувањето на човечките гени.“Тим истражувачи од Медицинскиот факултет на универзитетот Тафтс, ги анализираа геномите на луѓето и дојдоа до изненадувачко откритие.
По ан

Пронајдете не на следниве мрежи: