Нивото на морињата би можело да порасне за 6 до 9 метри во следните неколку децении, што ќе доведе до потполно уништување на некои од најголемите градови на Земјата, се вели во најновите истражувања на експертите.Тим на експерти од САД во истражувањето „Топење на глечерите, кревање на нивото на морињата и Супербури“ го истражувале односот на глобалното загревање и климатските промени, како основа за подигање на нивото на морето и стравувањето за „Супербурите“ кои се закануваат да уништат дел од поморските градови и населби.
Понатаму во истражувањето се вели дека со ваквото темпо на трошење на фосилните горива и испуштање на гасови кои создаваат ефект на стаклена бавча, влијаеме на климатските промени и дека сме се поблиски до точката по која нема назад.
Научниците проценуваат дека овие промени можат да се случат во следните децении, многу побрзо отколку што некои претходни истражувања ги прогнозирале.
„Се наоѓаме во опасност младите луѓе да ги оставиме во ситуација во која нема да имаат никаква контрола“, рекол Џејмс Е. Хенсен, климатолог од Наса.
Овој тим научници го поткрепуваат своето тврдење на основа на разорните невремиња кои се случиле пред 120 илјади години кога температурата на Земјата била малку повисока од денес. Порастот на глобалната температура за само 2 степени може да доведе до кревање на морињата за дури 6 до 9 метри и создавање подлога за „Супербури“.
Повишената температура влијае на формирањето на еден вид тополтен вентил на површината на океанот, кој оневозможува топлината од океанот да се испушти во атмосферата, што доведува до топење на мразот под површината на морињата. Во најлош случај нивото на морето ќе да достигне оваа висина за само 50 години, предвидуваат климатолозите.Тим на експерти од САД во истражувањето „Топење на глечерите, кревање на нивото на морињата и Супербури“ го истражувале односот н
Пронајдете не на следниве мрежи:



