ОТКРИЕНА 2.000 ГОДИНИ СТАРА ТАЈНА: Кој го уби Александар Македонски?

Тој можеби не бил визионер како Александар, но знаел да се постави како авторитет. Тој сакал да се врати назад во Египет. Бил фасциниран од златните богатства покрај реката Нил. Исто така, знаел дека подеднакво е посебен како и Александар. Неговата желба за моќ почнала да се зголемува.Александар Македонски беше владетел на еден од најголемите царства во древниот свет. Тој почина пред својот 33. роденден и стана легенда. Бил многу внимателен и успеал да ги избегне обидите за атентат неколку пати во својот живот.
Но, на кого му појде од рака да го убие? Дали тоа беше неговиот најдобар пријател Птоломеј?
Птоломеј Први Сотер е роден 367 година пред новата ера. Се смета дека тој му бил полубрат на Александар и син на Филип Втори Македонски и убавата Арсиноа. За да избегне проблеми, Филип веројатно организирал венчавка помеѓу Арсиноа и македонскиот благородник Лагос.
Без оглед на тоа, Филип го третирал Птоломеј како свој син. Го однел во престолнината додека сѐ уште бил млад и му пружил подеднакво образование како на Александар. Птоломеј му бил ученик на Аристотел и бил многу талентиран. Малку е веројатно дека Филип би вложил толку многу внимание ако Птоломеј навистина не беше негов син.
Се чинело дека не постои причина зошто Птоломеј не би бил успешен, но долго време бил во сенка на Александар.
Птоломеј бил голем воин и добро бил обучен за борба. Тој наскоро му станал близок пријател на Александар, но и негов личен чувар. Бил неколку години постар од него.
Птоломеј водел битки рамо до рамо со Александар од самиот почеток и патувал заедно со македонската војска дури и до денешна Индија и Авганистан. Тој бил и еден од хероите во чуената битка кај Ис.
При експедицијата во Египет, изгледало дека Птоломеј посакал дел од тоа царство за себе. Александар официјално го создал градот Птоломеј на 7 април 331 година пред новата ера. Александар во Египет бил прогласен за син на Зевс, по што ја добил титулата фараон.
Птоломеј и понатаму му служел на својот крал и фараон и заедно со него патувал во Сирија и Месопотамија, кадешто на 1 октомври 33 година пред новата ера се судриле со Дариј кај Гавгамела.
Птоломеј ја спровел првата самостојна битка во кампањата против побунениците на Бесус. Бил успешен и во неколку други битки.

За време на периодите кога освојувањето на непознати области станало тешко, а амбициите на младиот крал им станале нејасни на војниците, Птоломеј бил првиот којшто ја земал ситуацијата во свои раце. Поседувал голем авторитет во очите на војската. Додека Александар фантазирал за нови кампањи, Птоломеј останувал во кампот и се дружел со војниците.
Тој можеби не бил визионер како Александар, но знаел како да се постави како авторитет. Посакал да се врати назад од Египет. Бил фасциниран од златните богатства крај реката Нил.
Кралот на Македонското царство умре 323 година п.н.е. во Вавилон и постои голема веројатност дека е убиен. По смртта на Александар почна борбата за власт. Старите пријатели на Александар како што се Антипатер, Селеукид, Пердика и Птоломеј посакале да добијат дел од царството за коешто се бореле.
Птоломеј добил задача да го подели царството. Бил поставен за намесник на Египет и одлучил дека сака да ја задржи Киранаика. Нов крал на царството станал Филип Трети, а за негов наследник е избран Александар Четврти.
Во Македонија бил обичај кралевите да добијат право на престол така што ќе учествуваат во погребот на претходниот крал. Токму затоа, било многу важно кој сѐ ќе присуствува на погребот на Александар Велики.
Птоломеј се обидел да го спречи Перидка да учествува на погребот бидејќи стравувал дека тој ќе ги убие Филип Трети и младиот принц Александар Четврти за да стане нов владетел на царството. Од друга страна, Пердика верувал дека Птоломеј ќе се обиде да го земе тронот за себе, но не очекувал дека тој ќе формира коалиција против него и дека ќе го украде телото на поранешниот крал Александар.
Според достапните информации, Птоломеј го украл мумифицираното тело на Александар и го однел од Вавилон во Египет. Влегол во Александрија и се претставил како наследник на Александар, по што станал фараон на Египет.
Од наведеното делува како Птоломеј да бил оној, на којшто смртта на Александар најмногу му одговарала. Очигледно бил уморен од амбициите на македонскиот крал и лут што не можел да живее онака како што сака.
Меѓутоа, новиот почеток не бил крај на неговите маки. Две години подоцна, 321 година пред новата ера, Пердика се обиде да го освои Египет.
Војната била интензивна, но Птоломеј го задржал Египет во свои раце. Се покажал како интелигентен владетел и вреден наследник на македонските кралски корени.
Птоломеј создал династија која управувала со Египет наредните 300 години.
Птоломеј никогаш не го заборави стариот пријател, а можеби и брат. Тој ја најавил изградбата на Големиот мавзолеј на Александар. Мавзолејот го завршил неговиот син Птоломеј Втори. Мавзолејот подоцна станал место од големо значење.
Дали Птоломеј навистина го убил Александар? Тоа не е потврден факт, но дефинитивно е теорија која е доста уверлива.Александар Македонски беше владетел на еден од најголемите царства во древниот свет. Тој почина пред својот 33. роденден и стана легенда. Бил многу

Пронајдете не на следниве мрежи: