Тероризам, омраза, смрдеа: Зошто Брисел е НАЈЛОШИОТ ГРАД за живот во Европа?

Замислен е да биде престолнина на ЕУ, но стана најодвратниот европски град. И најопасниот! Готово да нема ден, а да не се појави вест во која покрај Брисел не се спомнува, а со него и зборот „тероризам“. Според тврдењата на разузнавачките служби, центарот за „терористи-спасувачи“ се наоѓа токму во главниот град на Белгија. Но, тоа не е сѐ што прави Брисел да биде ужасно место за живот според мислењето на многумина.Ви издвојуваме 13 негативни појави поради кои Брисел навистина звучи како место кое, најблаго кажано, е лошо за живот на долги патеки.
1. Голем број од старите Бриселци главно се иселени од Брисел откако започна обединувањето на Европа.
2. Постои силна поделба помеѓу Фламанците на север и Валонците на југ, која во двојазичниот Брисел се гледа на секој чекор. Антагонизмот помеѓу овие две групи силно е изразен.
3. Сиромашните мигранти живеат на северот, западот и североистокот на Бриселскиот престолнички регион. Тие делови се избегнуваат поради високата стапка на криминал.
Стапката на криминал е зголемена поради невработеноста. Ако некој сака да се вработи, треба за знае да зборува француски и холандски јазик.
4. Нередовен возен ред во јавниот транспорт.
5. Бриселското метро е валкано, слабо осветлено, смрди на сѐ и сешто, а излезите и преседнувањата не се најдобро обележани.
6. Што се однесува на криминалот, не се препорачува возење со метро. Пред неколку години, американската амбасада на граѓаните им издаде предупредување да ги избегнуваат станиците за метро во Белгија, посебно откако ќе падне мрак. Само пет отсто од Белгијците користи јавен превоз.

7. Тука се и протестите. Протестите на сите обесправени групи луѓе. Највпечатливи се протестите на земјоделците, кои од време на време одлучуваат да ги погазат законите и прописите на Европскиот Парламент со употреба на единственото демократско орудие кое сѐ уште им е на располагање: тракторот. Неколку стотини или илјади трактори.
8. Прекумерна употреба на автомобили во градското возење. Дури 75 отсто од Белгицијците користат автомобили.
9. Убавината е во окото на набљудувачот. Брисел е ставен во листата на најгрди градови во светот, веднаш зад Пјонгјанг и Бризбејн.
10. Урбанистичкиот план на градот е лошо испланиран, поради што се појави називот „бриселизација“.
11. Луѓето коишто со години живеат во Брисел, велат дека е валкан, прекриен со графити и дека претставува западноевропска престолнина на кучешки измет.
12. Улиците и тротоарите се во лоша состојба поради хаотичната локална самоуправа во самиот град (Бриселскиот регион е составен од 19 општини кои не се поврзани во градска смисла и експертите затоа велат дека Брисел е една голема „илузија“.
13. Климата е слична, некои велат и полоша од англиската. Затоа, скоро секогаш може да сметате дека ќе заврне.Ви издвојуваме 13 негативни појави поради кои Брисел навистина звучи како место кое, најблаго кажано, е лошо за живот на долги патеки.

Пронајдете не на следниве мрежи: