Направено е првото успешно пресадување на ретина!

Француската компанија „Пиксиум визион“, разви систем за обновување на видот и соопшти дека е извршено првото успешно пресадување на вештачката ретина „Ирис 2“, пренесе Франс прес.Специјалистите од фирмата се надеваат дека нивниот производ ќе се најде на европскиот пазар во средината на 2016 година.
Вештачката ретина е опремена со 150 електроди, трипати повеќе од прототипот „Ирис 1“.
Таа вештачки го стимулира недостатокот на ретина и е наменета за пациенти кои го изгубиле видот поради пигментен ретинит – болест која поразува меѓу 20 и 40 илјади лица во Франција.
Пресадувањето било спроведено врз 58-годишен пациент под раководство на проф. Мишел Вебер од офталмолошкиот тим на специјализираната болница во Нант.
Тој е опериран во јануари. Претстојат уште околу десет пресадувања на „Ирис 2“ во различни специјализирани европски очни центри.Специјалистите од фирмата се надеваат дека нивниот производ ќе се најде на европскиот пазар во средината на 2016 година.
Вештачката ретина

Пронајдете не на следниве мрежи: