Драматично предупредување на астронаутите: Ќе останеме без атмосфера!

Американскиот астронаут Скот Кели, даде интервју од Меѓународната вселенска станица (ISS) во кое говореше за своите стравови за Земјината атмосфера.Тој изјави дека од аголот на ISS, Земјата изгледа многу ранливо и дека би требало да се преземе нешто околу тоа.
Кели и претходно ги следеше еколошките прашања од вселената и пренесуваше твитови за загадувањата кои можат да се забележат од вселената.
Во еден твит напишал: „Ова е добар пример за загадување на воздухот во Азија“.
Тој би требало да се врати на Земјата во март, но од Си-Ен-Ен го замолија да ја опише моменталната состојба на Земјата, набљудувајќи ја како човечко тело.
Тој изјави: „Дефинитивно постојат делови од Азија и Централна Америка над кои баш се забележува загаденоста. Што се однесува на атмосферата, тие области делуваат прилично нездраво.“
Според податоците од НАСА, нашата атмосфера е сѐ потенка поради емисијата на јаглерод диоксид.
„Податоците укажуваат на тоа дека јаглерод диоксидот се лади и го собира горниот дел од атмосферата, намалувајќи ја густината на гасовите во слојот кој се наоѓа некаде помеѓу 90 и 600 километри од површината на Земјата и кој е познат како термосфера“, наведоа од НАСА.
Истражувањата на Лабораторијата за морски истражувања, покажаа дека густината на термосферата се намалила за повеќе од 10% во последните 40 и повеќе години.
Тој изјави дека од аголот на ISS, Земјата изгледа многу ранливо и дека би требало да се преземе нешто околу тоа.
Кели и претходно ги следеш

Пронајдете не на следниве мрежи: