Мистериозен објект ќе помине покрај Земјата во 2017 година, а научниците не знаат за што станува збор!

Многумина веруваат дека станува збор за „вонземјанска сонда“ и ја нарекуваат 1991 ВГ, но никој всушност не знае што точно ќе помине покрај Земјата во 2017 година.Мистериозниот објект за прв пат го забележал астрономот Џејмс Скоти од Универзитетот во Аризона во 1991 година и го нарекол 1991 ВГ.
Некои веруваат дека овој вселенски објект би можел да биде вонземјанска сонда, додека други велат дека тоа е отпад од вселената или помал метеорит. Сепак, астрономите сѐ уште не знаат што претставува овој објект. Некои експерти сметаат дека би можел да биде дел од ракетата Аполо 12, но Скоти наведе дека тајмингот не се совпаѓа.
„Ја испитавме секоја можност дека објектот е со вештачко потекло и заклучивме дека ниту една од нив не се совпаѓа.“
Меѓутоа, постојат луѓе коишто веруваат дека овој објект би можел да биде дел од тајна ракета која Советите ја лансирале во орбитата, а чија намена сѐ уште е мистерија.
„Советите имале подеднакво можни ракети како и Американците, а умееле да ги прикријат нештата кога нема да им успеат“.
Кога објектот за прв пат бил забележан пред две децении, имал пречник од околу 10 метри и поминал на околу 440.000 километри од Земјата, што е само 75.000 километри подалеку од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.
Чудно е што објектот брзо се ротира и има нееднаков сјај. Астрономите се едногласни дека ниту еден астероид не се однесува така.
Данкан Стил, астроном од Универзитетот во Аделејд, во Австралија, вели дека 1991 ВГ би можел да биде вонземјанска сонда што нѐ шпионира.
Објектот ќе помине покрај Земјата во 2017 година во лето и ќе биде видлив во јужната хемисфера на нашата планета.Мистериозниот објект за прв пат го забележал астрономот Џејмс Скоти од Универзитетот во Аризона во 1991 година и го нарекол 1991 ВГ.
Некои

Пронајдете не на следниве мрежи: