Многу боли, не е баш поволна, а не е баш ни хигиенски – со оглед на тоа дека истиот восок се претопува повеќе пати. Меѓутоа популарната бразилска депилација има многу повеќе последици кои умеат да бидат многу непријатни, а на жените им е глупаво да зборуваат за тоа.Акни
Да, добро прочитавте – акни. Доколку имате посилни влакна „таму долу“ не би требало да се изненадите доколку неколку часа после депилацијата ви излезат многу ситни акни по целиот преден дел на кожата. Нормално, акните не излегуваат сосема долу, туку само на кожата напред, но секако е многу непријатно.
Ова не е ретка појава кога депилацијата е во прашање, па и на мажите кога го депилираат пределот кај градите им се појавуваат акни. Едно можно решение е веднаш после депилацијата добро да се истуширате, па да нанесете многу бебешка пудра, но ни тоа секогаш не функционира.
ЧЕШАЊЕ, ПЕЦКАЊЕ, НЕПРИЈАТЕН СЕКРЕТ: Ослободете се од најголемиот непријател на вагината – Прочитајте ТУКА
Крив млаз
Искривувањето на млазот за време на мокрењето е сериозен проблем и крајно време е за тоа отворено да поразговараме. Доста беше криење и молчење – да ова им се случува и на жените. Особено ако се навикнати долу да имаат „жбун“ па потоа одеднаш ќе го оголат. Побарајте на било кој женски форум, ќе видите дека ова е една од најчестите последици. Имено, влакната не штитат само од бактерии, туку го насочуваат и млазот така што не може да се слева каде ќе посака.
Доколку седите на ВЦ школка можеби нема да забележите голема разлика, но ако треба да клекнете во некој јавен тоалет ќе сфатите дека ова е навистина голем проблем. Нема да навлегуваме во детали само ќе каѓеме дека онаа лимонада која сте ја испиле пред неколку часа, може да не заврши во ВЦ школката во јавниот тоалет, туку на вашите ногавици.
Запознавање со вагината
Ако сте од оние кои никогаш не ги отстрануваат влакната во целост, а потоа решите сосема да се издепилирате, за прв пат во животот ќе ја видите својата „другарка“ сосема гола. Ова е искуство кое не може да се опише со зборови, бидејќи остатокот од телото веќе на големо сте го запознале, знаете точно како изгледа и не може баш многу да ве изненади.
Иако можеби звучи банално, но на жените им е ова најчудната последица после депилација. Тој прв поглед често предизвикува шок, а немојте да се зачудите ако после тоа поминете неколку часа со огледалце под себе.
Замрзнато рипче
Во ладните зимски денови, влакната претставуваат уште еден слој изолација од ладниот ветер или снежните наноси во зимо. Дури кога сосема ќе ги отстраните и ќе сфатите дека таму долу ви е многу поладно сега кога ги нема, ќе сфатите колку всушност ви значеле. Чувството на студ е посебно изразено кога ќе облечете здолниште, па секое дување на ветерот ќе ви изгледа како леден ураган
На многу девојки ова им пречи, додека други велат дека чувството е интересно. Но, ретко кој зборува за тоа – па ете да знаете дека и ова е една промена која ќе ја забележите кога за прв пат ќе се издепилирате.Акни
Да, добро прочитавте – акни. Доколку имате посилни влакна „таму долу“ не би требало да се изненадит



