Иако никогаш немала формален тренинг како тераписко куче, Нала е мала црна пудла која знае како да им пружи многу љубов и внимание на станарите во еден дом за старци во Минесота.Нејзиниот сегашен сопственик, Даг Досон, е медицински работник во домот и тие двајца секој ден пристигнуваат подготвени да ги исполнат своите должности.
Малата пудла оди сама со лифт да ги посети пријателите, вработените и станарите подеднакво, а и се снаоѓа како професионалец на сите 4 ката. Интересна работа е што таа била поставена како куче за терапија во друг дом, каде што Досон порано има работено.
Работите не биле лесни – таа била сметана за „плачлива и невротична“, па едвај му дозволиле на Досон да ја задржи. Кога ќе ја погледнете сега, никогаш не би рекле дека некогаш била таква.
Според Досон, Нала е тука со причина и извршува „Божја должност“. Тој верува дека таа знае како да ги пронајде болните луѓе за да им прави друштво.
Погледнете го видеото во кое паметната Нала тргнува во акција:Нејзиниот сегашен сопственик, Даг Досон, е медицински работник во домот и тие двајца секој ден пристигнуваат подготвени да ги исполнат своите должн



