„Пикасо имаше доверба во мене“, рекол поранешниот електричар 75-годишниот Пјер Ле Гуенец, откако се најде пред францускиот суд поради затајување на 271 дела во Грасо, на југоистокот од Франција.Сали познатиот сликар Пабло Пикасо би му донирал 271 дело на електричар кој работел за него неколку години во југоисточна Франција?
Францускиот суд почна да го разгледува тоа прашање на почетокот на судењето на Пјер Ле Гуенец и неговата сопруга Даниел.
Ле Гуенец раскажал дека Жаклин, последната муза на Пикасо и неговата сопруга, еден ден му дала кутија полна со дела на уметникот и му рекла дека тоа е за него.
Електричарот ја чувал кутијата во гаража четири децении. Тој тврди дека не бил свесен за вредноста на делата.
„Кутијата повторно ја отвори дури во 2009 година кога беше болен и се загрижи што ќе се случи со уметничките дела по неговата смрт, па се обрати до канцеларијата која се занимава со чување на делата од Пикасо кои ги наследија неговите деца', рекол неговиот адвокат.
Во септември 2010 година, Ле Гуенец отпатувал во Париз за да ги предаде делата во канцеларијата.
Неколку дена подоцна, нив ги запленила полицијата.
На првиот ден од судењето биле сослушани поранешниот електричар и неговата сопруга, 71-годишната Даниел, а подоцна тројцата наследници на Пикасо, кои се уверени дека делата биле украдени.
Делата кои се создадени во периодот од 1900 до 1932 година се од исклучителна вредност, а се работи за мали платна, литографи, колажи, цртежи и сите се одлично сочувани.
Доколку го обвинат за кражба на делата, Ле Гуенец може да се соочи со затворска казна од пет години и парична казна од 375.000 евра.


