ДРВО НА СМРТТА: Не помислувајте да го пробате плодот на ова дрво, може да умрете!

„Hippomane mancinella“ е вид дрво од семејството млечки, а расте во тропска Америка сè од Флорида, преку Карибите и Средна Америка, па до Јужна Америка. Сега, кога се ослободивме од „техничките работи“, можеме да се посветиме на она што е многу поинтересно.“Hippomane mancinella“ е вид дрво од семејството млечки, а расте во тропска Америка сè од Флорида, преку Карибите и Средна Америка, па до Јужна Америка. Сега, кога се ослободивме од „техничките работи“, можеме да се посветиме на она што е многу поинтересно.
Ако некогаш наидете на „Манчинела“, постои голема веројатност дека на стеблото ќе има предупредување – не го допирајте дрвото, не ги јадете неговите плодови и немојте да стоите под него кога врне дожд. Овие предупредувања се таму со причина, со оглед на тоа што ова дрво веќе со години е во Гинисовата книга на рекорди како најопасното дрво на светот, пишува порталот „Science Alert”.Најопасна е конзумацијата на неговите плодови. Имено, тие изгледаат како мали јаболка, па шпанските колонизатори ги нарекле „мали јаболка на смртта“. Конзумацијата на овие плодови може да предизвика гушење, а доколку ве испрска нивниот сок, на кожата ќе ви се појават изгореници.
„Го загризав плодот и беше пријатно сладок“, се присетила радиологот Никола Стрикленд на 2000 година. Таа раскажала дека неколку моменти подоцна во устата почувствувала лутина која постепено станувала сè посилна. После неколку часа огромна болка не можела да си ја голтне плунката, а грлото целосно ѝ било отечено.

Според Флоридскиот институт за прехрамбени и агрокултурни науки, секој дел од „Манчинелата“ е отровен и опасно е и да се допира и да се конзумира. И не само тоа, секој дел од ова дрво може да биде фатален за човекот.На пример, доколку стоите под стеблото додека врне дожд, најмалку што можете да очекувате се изгореници, а сокот од плодовите може да ја оштети дури и бојата на автомобилите. Оние кои дошле во контакт со сокот на неговите плодови, сведочеле за неподносливи главоболки, проблеми со дишењето, па дури и трајно и болно слепило. Истражувањата покажуваат дека сокот дури поттикнува и раст и ширење на клетките на ракот.
Поради таа причина, не се препорачува ниту сеча на дрвата, но ни нивно палење бидејќи дури и чадот е отровен.Веројатно најпознатата жртва на ова дрво бил освојувачот Хуан Понсе де Леон, човекот кој ја водел првата европска експедиција на Флорида во 1513 година. Имено, таму наишол на отпор од домородците и бил погоден со стрела натопена во сок од „Манчинела“.Со своите трупи се повлекол на Куба и таму умрел.“Hippomane mancinella“ е вид дрво од семејството млечки, а расте во тропска Америка сè од Флорида, преку Карибите и Средна Амери

Пронајдете не на следниве мрежи: