Тригодишно девојче 11 дена живеело во дивина. Откако ќе видите кој бил со неа ќе останете без зборови!

Тригодишната Карина Чикитова живее со мајката во Сибир и само еден ден пред четвртиот роденден посакала да го посети татко ѝ кој живее во соседното село.Често сама одела до соседното село, бидејќи не е многу оддалечено. Кога стигнала во селото, нејзиниот татко не бил тука, па девојчето одлучило да го побара.
На тој начин, Карина се изгубила во бескрајните сибирски шуми. Дури и возрасните одат наоружани во тие шуми бидејќи се полни со волци и мечки. Девојчето било само. Единствено ѝ правело друштво нејзиното куче.
Изгубена во дивината, малото девојче си направило кревет во долги треви, кои се чести во југозападниот дел на Република Јакутија – најголемиот регион на Русија.
Нејзината мајка, која исто така не е именувана, мислела дека ќерка ѝ е со својот татко Родион кога тој заминал на пат на минатото лето во неговото далечно родно село. Но, тој не сфатил дека неговата ќерка го следела заедно со своето куче и се изгубила во тајгите.
Спасувачите велат дека Карина Чикитова била спасена од нејзиното кученце кое ѝ држело топлина повеќе од една недела пред да се врати дома и да повика помош.
„Девојчето на возраст од три години и седум месеци преживеало јадејќи шумски плодови и пиејќи вода во територијата преплавена со диви мечки и волци“ – објави Сибирски Тајмс.

Зачудувачки, најстрашните повреди на девојчето биле каснувања од комарец и гребаници на нозете.
Била покрената масовна потрага и семејството на почетокот било скршено кога кученцето се вратило дома без неа.
Афансиј Николајев, потпарол на спасувачката служба на Јакутија изјавил:
„Доколку таа го гушнеше кучео за време на ноќите, можеби имаше шанса да ја одржи телесната температура топла и да преживее. Па кога кучето се врати, помисливме – тоа е тоа. Дури и да е жива, шансите дека преживеала се мали. Сега дефинитивно ги изгубивме сите надежи. Нашите срца се скршија.“
Наместо тоа, лојалното кученце испаднало дека е неоткриен херој и го предводело тимот до својата сакана господарка. По водство на кучето спасувачите забележале мали стапки од мало детенце.
„Само поради кучето на Карина беше пронајдено девојчето“ – изјавил репортерот на NTV News.Често сама одела до соседното село, бидејќи не е многу оддалечено. Кога стигнала во селото, нејзиниот татко не бил тука, па девојчето одлучило да г

Пронајдете не на следниве мрежи: