ЛУДО: Во ова село на жителите им е забрането да се разболат!

Градоначалникот со овој потег сака да ги охрабри жителите да одат на прегледи во новиот медицински центар кој е отворен минатиот месец. Оние кои ќе го направат тоа нема да мораат да го плаќаат годишниот данок за здравство од 10 евра.Градоначалникот со овој потег сака да ги охрабри жителите да одат на прегледи во новиот медицински центар кој е отворен минатиот месец. Оние кои ќе го направат тоа нема да мораат да го плаќаат годишниот данок за здравство од 10 евра.
Во селото Селија кое се наоѓа во Калабрија, Италија, постои посебен пристап кон „проблемот“ наречен стареење и умирање кој го диктира градоначалникот. Тој на сите жители им забранил да се разболат, а покрај тоа, секојдневно ги охрабрува да одат на здравствени прегледи.Поентата на оваа „наредба“ е луѓето да го стават своето здравје на прво место и да внимаваат на своите најблиски и најмили.

Градоначалникот Давид Зичинела потпишал декрет во кој пишува дека на жителите „им е забрането да се разболат во ова место“.Освен тоа, тие се охрабруваат да одат на здравствени прегледи во новиот медицински центар кој го отвориле минатиот месец, пишува британски „Telegraph”. Оние кои ќе го направат тоа нема да мораат да го плаќаат годишниот данок за здравство од 10 евра.Откако се отворил медицинскиот центар, повеќе од 100 луѓе закажале прегледи за да се осигураат дека се во одлична здраствена состојба. Тоа го воодушевило градоначалникот, кој и самиот е, погодувате – лекар.
„Одзивот на нашите жители е и повеќе од охрабрувачки. Тој е резултат на прифаќање на нашата иницијатива“, рекол градоначалникот.Селото Селија во 1960 година имало 1.300 жители, но денес таму живеат само 537 луѓе. Шест од десет жители на ова село се постари од 65 години. Можеби токму тоа го натерало градоначалникот на овој радикален чекор.Инаку, ова село денес претставува едно од местата на кои им се заканува исчезнување.Градоначалникот со овој потег сака да ги охрабри жителите да одат на прегледи во новиот медицински центар кој е отворен минатиот месец. Оние кои

Пронајдете не на следниве мрежи: