СМРТТА ГО ЗАБОРАВИ: Најстариот човек на светот има 131 година и живее во Бразил. Но, тоа не е сѐ!

Според Гинисовата книга на рекорди, најстариот маж во светот е Јасутаро Коиде од Јапонија, додека Французинката Жиен Калмент која починала на 122-годишна возраст во 1997 година, го држи рекордот како личност со најдолг животен век.Но, во листот на родени во Бразил пишува дека Коељо де Соуза е роден точно на 10 март во 1884 година, што значи дека Де Соуза со 131 година е најстариот човек што некогаш живеел на светот!
Жоао Коељо де Соуза би можел да биде најстариот човек во светот, но и да урне неколку рекорди. Социјалните работници во Акре во северен Бразил објавиле фотографија од тој маж, заедно со документ за кој се тврди дека е негов матичен лист, а датумот на раѓање е 10.03.1884 година, што би значело дека доколку е автентичен, Соуза во март би требало да наполни 132 години!
Доколку се покаже дека тоа е вистина, тоа значи дека Бразилецот е 19 години постар од официјално најстариот човек на светот, Јапонецот Јасутаро Коиде, односно 9 години постар од лицето за кое се смета дека живеело најдолго – Французинката Жиен Калмент, со 122 години.

Жоао Коељо де Соуза е татко на три деца, а живее со сопругата која од него е помлада 69 години. Кога станува збор за матичниот лист, тој покажува дека Соуза е роден на 10.03.1884. година во градот Меруока, а неговата ќерка кажала дека експертите се увериле во автентичноста на документот, но не се наведени повеќе детали.
Бразилските весници пишуваат дека господинот Соуза живее со својата 62-годишна сопруга и 16-годишната внука. Неговата ќерка, Сирлене Соуза, има 30 години, што би значело дека ја добил на 101. година….
Наводно, Соуза на млади години пристигнал во Акре за да работи на екстракција на гуми, а со својата сопруга е повеќе од 40 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: