Во упорните настојувања да се пронајде чудотворен лек против дебелината, научниците ги испробуваат сите можни комбинации. Најнова идеја е да се искористи изметот на слабите луѓе поради брзиот метаболизам и состојките од овој „продукт“ да се вметнат во таблета која би требало да им помогне на луѓето со вишок килограми да ослабнат, пишува US News.Необична идеја им падна на памет на научниците од бостонската Massachusetts General Hospital, кои настојуваат да ги изолираат „добрите“ бактерии од дигестивниот тракт на природно слабите луѓе за да им ги пренесат на пациентите со хроничен вишок на килограми.
За да стигнат микробите до примачот, лекарите морале да го замрзнат изметот на донаторот, да ги извлечат корисните бактерии и да ги вметнат во таблета која мора орално да се зема.
„Таблетите се без мирис, без вкус и се наоѓаат во двослојна капсула за да се осигураме дека нема да се растопат пред да дојдат до својата дестинација, во дебелото црево“ – објаснила д-р Илејн Ју.
Периодот за тестирање на таблетите ќе трае 12 недели, а научниците се надеваат дека така ќе успеат да им го забрзаат метаболизмот на испитаниците.Необична идеја им падна на памет на научниците од бостонската Massachusetts General Hospital, кои настојуваат да ги изолираат „добрите“



