Бездомникот Фреди Агилар е во потрага по безбедно место во еден трговски центар во Лос Анџелес. Млада жена по име Џина Силва му приоѓа и почнува разговор со него. На крај го прашува зошто живее на улица. Неговиот одговор ја трогнал и истиот го објавила на Инстаграм.
„Живеам на улица бидејќи моето малечко девојче почина од рак во 2012 година. Не ја оставив сама ниту една минута додека беше болна, во текот на двата месеци додека со бореше со оваа болест. Сѐ изгубив поради неа и сосема ми е сеедно. Единствено таа ми недостига. Да можев, ќе ја продадев и мојата душа за неа, толку ја сакав. Се викаше Флор Марлин Брајант. Кога ќе изгубите материјални нешта, тоа е само нешто безвредно и материјално кое можете некогаш да го надоместите. Но, кога ќе изгубите некого кого сте го сакале повеќе од себе, боли најмногу од сѐ на светот“ – рекол бездомникот.
Фреди Агилар не е поединец во САД, каде што не постои јавно здравствено осигурување и каде кратките хоспитализации се прескапи.
Но, неговата тажна приказна ги поместува нештата кон вистинската перспектива и ни покажува што е навистина важно во животот – ни помалку, ни повеќе, туку луѓето коишто ги сакаме!На крај го прашува зошто живее на улица. Неговиот одговор ја трогнал и истиот го објавила на Инстаграм.
„Живеам на улица бидејќи моет



