Македонците муслимани не се торбеши, туку само Македонци

На иницијатива на Сојузот на Македонците со исламска религија, на 15 февруари 2011 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, се одржа јавна трибина „Македонците со исламска вероисповед – меѓу националната и религиската припадностТрибината ја организираа Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Институтот за македонска литература, Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Институтот за старословенска култура и Македонското етнолошко друштво.
Пред стотина присутни, воведни излагања на трибината имаа проф. д-р Мирјана Мирчевска, раководител на Институтот за етнологија и антропологија, м-р Страшко Стојановски, асистент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“во Штип и Денис Аџија, магистрант при Институтот за национална историја.Упатени сме на демистификација на најновите турбуленции предизвикани со проблематизирањето на етничкиот идентитет на Македонците муслимани, наспроти Македонците православни и Македонците католици.
Соочени сме со постојани притисоци и обиди за асимилација и денационализација на Македонците муслимани во етнички Бугари, Албанци, Турци и Бошњаци, и што уште не, само не тоа што се’ – Македонци. Загрижува тенденцијата од определени центри кои Македонците муслимани ги декларираат за посебна етничка група, надвор од македонската национална целост. Таа пропаганда доаѓа интензивно од пратеникот Фијат Цаноски и неговата политичка партија Партија за европска интеграција (ПЕИ) и Здружението Румелија, на таканаречениот „Торбешки Форум“ одржан на 2 јануари годинава во Струга, каде што е донесена таканаречена „Торбешка декларација“ и утврдено е барање за промена на Уставот на Република Македонија.
Имено, во преамбулата на Уставот на Република Македонија, муслиманското население со мајчин македонски јазик, да влезе како посебна етничка група „Торбеши“. Ова е втор обид за денационализација на Македонците муслимани, после узурпацијата на парламентарната говорница од пратеникот Фијат Цаноски со барање за посебна етничка група „Торбеши“.
Жалиме што пратеникот Цаноски заборави дека пред да влезе во Собранието се декларираше за Македонец, а со верификацијата на мандатот заборави тоа што е.
Жалиме што човек кој е сопственик на приватен универзитет, кој претставува храм на знаењето, спротивно на историјата и науката, промовира нова етничка група која никогаш и никаде ја нема.
Жалиме што верската припадност и по дваесет години од осамостојувањето на Македонија се злоупотребува од политички побуди, во обидите за деетнизација на Македонците муслимани кои се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ, заедно со Македонците правосалвни и Македонците католици.
Точно е дека Македонците муслимани не се правично и соодветно застапени во институциите на власта, но тоа не може да биде мотив за нивна денационализација. Право е да бараме, власта да обезбеди правична и соодветна застапеност на Македонците муслимани во сите институции на власта и во локалната самоуправа.  Но, денационализацијата на Македонците муслимани претставува геноцид врз македонскиот народ. Асимилацијата на Македонците муслимани претставува наци-фашизам. Никогаш не смееме да заборавиме дека Исламот е подеднаков за сите и сите се еднакви пред Бога.
Апелирам до Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија, апелирам до Македонската Православна Црква, до медиумите и јавноста, да запаметат и никогаш да не заборават дека Македонците не се само православни и католици, Македонците не се само христијани, Македонците се и муслимани. И Мохамед и Исус се пророци на мирот и љубовта, а не на омразата и војната, – рече во своето воведно излагање претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил Бојда.
Трибината беше проследена со големо внимание и интерес од присутните, покажа дека постои цврсто единство за Македонците со исламска религија како неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ, заедно со Македонците православни и Македонците католици.
Извор: Македонска нацијаТрибината ја организираа Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор

Пронајдете не на следниве мрежи: