Историјата на “василопитата” е еден настан, кој се случил во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на другЕден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакал да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој поминал близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познавал, бидејќи биле соученици во Атина, излегол заедно со народот да го пречека и почести.
Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немал ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принел на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принел скапоцености, бидејќи не сакал да даде нешто повредно, бидејќи мнозинството на жители во Кесарија биле навистина сиромашни. Кога го видел тоа, Јулијан им наредил на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговорил на Јулијан:
„Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.”
Кога ги слушнал овие зборови, Јулијан многу се налутил и ветил дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.
Поради тоа, св. Василиј побарал од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложил на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имал небесно видение:
„Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, наредила да го повикаат маченикот Меркуриј и го испратила со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го видела и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргнал против безумниот цар и го убил со своето копје.“
Освестувајќи се од ова видение, Св.Василиј, во придружба на неколку клирици, побрзал во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имал пострадано во Кападокија и виделе дека од храмот биле исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чувале.
Подоцна дошле во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го видел великиот Василиј, било токму тоа, што во истиот миг, навистина се случило на едно место недалеку од Кесарија. Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се нашол во многу тешка положба.
Требало да го подели златото, кое граѓаните го собрале за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помолил светителот и Бог го просветил што да направи. Тој ги повикал своите ѓакони и помошници и им рекол да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите биле готови, епископот ги поделил како благослов на сите жители на градот Кесарија.
Во почетокот сите се зачудиле, а потоа нивното изненадување станало уште поголемо: кога секое семејство го прескло лебот, во него нашло злато, но не било кој, туку токму она злато што му го имале дадено на својот епископ.
Така значи, со тогашната “василопита”, Св. Василиј им донел и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 14 јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакал да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој поминал близу Кес



