Еве како да препознаете дали вашиот јазик е здрав или има наталожени бактерии!

Јазикот е место каде се кријат многубројни бактерии кои го создаваат непријатниот мирис на устата. И колку повеќе наслаги има на него, толку полош е мирисот.Колку и да ви звучи грозно, во устата имате милион живи организми, претежно бактерии кои живеат и опстојуваат на топла и темна средина.

Здравиот јазик е розов, мазен и чист, без наслаги и линии на него (слика 1).
Јазикот со жолти наслаги кои стануваат сè потемни е знак дека во устата се создаваат сулфурни соединенија (слика 2). Длабоката пукнатина на средина исто е типична за оваа состојба, каде се кријат поголем дел од бактериите.
Грубиот јазик со пукнатини е уште еден знак дека имате лош здив (слика 3 и 4). Пукнатините и браздите се совршено место за развивање на бактериите.
Уште еден тип на јазик е „географскиот“ препознатлив по многубројни вдлабнатини и испакнатини, релјефаст и на места со наслаги, а на места чист (слика 5). Оваа состојба најчесто се јавува како последица од реакција на одредена храна, стрес, болест или хормонални пореметувања.
Некои јазици дури имаат и папили (кои изгледаат како влакна на јазикот). Овој „влакнест јазик “ повторно е место каде се размножуваат најмногу штетни бактерии (слика 6).

Што го предизвикува таложењето на бактериите и лошиот здив?
Некои пасти за заби – Се работи за пасти кои содржат натриум лаурил сулфат кој создава пена, но нема никаква корист за чистење на забите и јазикот. Плус, неодамна беше докажано дека овој адитив може да создаде ситни ранички во устата. Затоа задолжително читајте ги етикетите кога купувате паста за заби.
Храна богата со протеини – Бактериите се хранат со протеини, со што создаваат уште понепријатен мирис.
Сокови – Заради тоа што бактериите создаваат многу повеќе отпад со непријатни мириси во кисела средина.
Благо – Шеќерите создаваат слатка средина во која бактериите полесно опстојуваат, а и го забрзуваат расипувањето на забите, кои се идеално место за размножување на бактериите. Сето тоа завршува со непријатни мириси.
Сува уста – Затоа што сушењето на устата е совршено место за размножување на бактериите.
Цигари и алкохол – Затоа што предизвикуваат сувост на внатрешноста на устата.
Заболување на непцата – Преку болните непца многу полесно бактериите се размножуваат, па дури и навлегуваат во крвотокот.
Лекови – Ја сушат средината во устата, што како што веќе знаете, е идеално за размножување на бактериите.
Нетолеранција на лактоза – Ова може да предизивка мирис на кисело млеко во устата кога јадете повеќе производи на млечна база.Колку и да ви звучи грозно, во устата имате милион живи организми, претежно бактерии кои живеат и опстојуваат на топла и темна средина.

Пронајдете не на следниве мрежи: