Освен што детално ја чисти нашата усна шуплина и ја одржува оралната хигиена, пастата за заби може многу да ви помогне. Ви преставуваме 5 интересни и корисни употреби на пастата за заби кои ќе ви го олеснат животот.1.Против дамки од боја за коса
Кај домашното боење на коса, пастата за зани може да биде многу корисна. Нанесете малку паста на памучна крпа и со неа истријте ги дамките од боја на кожата. Доколку сакате да спречите создавање на дамки, пред боење, намачкајте ја кожата околу рабовите на косата и почнете со боење. Пастата ќе направи слој на кожата и ќе спречи впивање на бојата и создавање на дамки.
2. За бришење дамки на ѕидот
Секој родител многу добро знае како изгледа кога малите деца ја покажуваат својата креативност по ѕидовите, а исто така овој трик делува и врз трагите од чевли. И во овој сучај пастата за заби ќе го реши проблемот. Нанесете малку паста на памучна крпа и истријте ги дамките. Пастата ќе ги острани дамките.
3. Против дамки на метал
На памучна крпа или стара четкичка за заби нанесете малку паста и лесно истријте ја металната површина. Оставете да отстои десетина секунди или додека не се исуши па исмијте со вода и избришете со сува крпа.
4. За чистење на пеглата
Дамките кои се создаваат на површината од пеглата за пеглање можат да остават траги и на вашата облека. За брзо да се ослободите од тврдокорните дамки на ладна пегла ставете малку паста за заби, а по потреба додадете и неколку капки вода.
5. За чистење на гумата на патиките
На новите патики, веќе по првото носење ќе забележите траги од нечистотија, посебно доколку имаат бел гумен раб. И во овој случај пастата за заби ќе ви помогне да ги отстраните дамките. Нанесете малку паста на стара четкичка за заби и со неа истријте го гумениот раб на патиките. Со влажна крпа зибриште ја пастата и дамките ќе исчезнат.1.Против дамки од боја за коса
Кај домашното боење на коса, пастата за зани може да биде многу корисна. Нанесете мал



