Македонијо, off мори мајко

Време е за ново издание на рубриката со афоризми „Македонијо, off мори мајко“.Откако успешно го прогласи „Афоризмот на годината“, Марјан Анѓеловски продолжува со полна пареа да ви сервира афоризми во полн ек:
Конечно успеав да ја откријам жена ми. Сега само мој си е јорганот.
Секој денар го имам заработено со пот. Се препотувам додека крадам.
Како некрофил ѝ раскинува на девојката? -Душо, чувствувам дека она што најмногу го сакав кај тебе, полека почнува да се распаѓа.
Дали се добива инвалидска пензија ако ти ја ампутираат главата?!
Полицијата најостро ги осуди оние кои влетаа во автобус и претепаа патници. Наводно немале билет.
На пензионерите единствено носот им се дига. Затоа и го пикаат секаде.
Атеистот религиозно е против религија.Откако успешно го прогласи „Афоризмот на годината“, Марјан Анѓеловски продолжува со полна пареа да ви сервира афоризми во полн ек:

Пронајдете не на следниве мрежи: