Лошата среќа не е виновна за заболувањето од рак. Еве која е најчестата причина!

Ракот главно е последица на еколошки фактори, а не работа на „лоша среќа“, покажува едно ново истражување. Имено, претходно годинава, научниците дебатирале како две третини од видовите на рак се поврзани само со „лошата среќа“, а не со другите фактори како што е пушењето.Но, ново истражување објавено во научното списание „Nature“, покажува дека само 10 до 30 отсто заболувања од рак се поврзани со природното функционирање на телото, односно „среќата“.
Ракот настанува кога сопствените матични клетки функционираат со грешка и како такви почнуваат брзо да се размножуваат, пишува Би-Би-Си.
Тоа може да биде предизвикано од внатрешни фактори, кои се вродени, како што е појавата на мутации секој пат кога клетките се делат, или пак од надворешни фактори како што се пушењето, УВ зрачењето и многу други.
Тим лекари од Центарот за лекување од рак Стони Брук во Њујорк, пристапиле кон овој проблем на сосема поинаков начин. Тие откриле дека дури во 70 од 90 отсто од случаите дошло до заболување од рак поради надворешни фактори.
„Надворешните фактори играат важна улога и луѓето не можат да се кријат зад лошата среќа. Не можат да пушат и да речат дека немаат среќа ако добијат рак. Лоша среќа е кога играте руски рулет, а во револверот има еден куршум. Но, она што пушачите го прават е додавање на уште два-три куршуми во тој револвер“ – изјавил докрот Јусуф Ханун, директор на Центарот Стони Брук.Но, ново истражување објавено во научното списание „Nature“, покажува дека само 10 до 30 отсто заболувања од рак се поврзани со природн

Пронајдете не на следниве мрежи: