Намалената самодоверба, стравот од неуспех и јавно исмејување се веројатно главните причини поради кои не можете успешно да реализирате презентација на факултет или на работното место, или пак да зборувате неформално и слободно во кругот на вашите пријатели.За некои јавното говорење претставува предизвик и вистинско уживање, миг во кој може да се истакнат себеси и да блеснат со своите ораторски вештини, додека за други тоа е вистински кошмар придружен со страв од неуспех или исмејување.
За почеток, не ги внесувајте умот и телото во состојба на паника. Дополнителната нервоза или огромната вознемиреност кои може да ги почувствувате уште пред вашето појавување, лесно може да резултираат со паничен напад, па „настапот“ може да заврши неславно, уште пред да започне.
Визуелизирајте јасна цел – успешна дебата, презентација или говор. Избришете ги сите негативни мисли.
Поистоветете го стравот со мала, корисна трема или адреналин за што поискрен и поуспешен настап и не заборавајте дека е сосем нормално да сте нервозни и дека тоа им се случува на сите луѓе соочени со ваков предизвик.
Внимавајте да бидете доволно наспани и свежи, бидејќи не постојат препарати кои целосно ќе го избришат уморот и недостатокот на сон од вашето лице.
Запаметете дека неретко очите зборуваат и обрнете внимание на промените кои се случуваат на вашето лице. Токму затоа, пожелно е читањето и вежбањето на текстот, како и гестикулациите и промената на фацијалните експресии да ги правите пред огледало.
Доколку имате можност – снимајте се. Со прегледување на снимката ќе видите каде најмногу грешите и како најлесно да ја поправите грешката.
Одберете ја вашата пробна „тест-публика“. Замолете неколку членови од семејството или пак пријатели да бидат првите кои ќе имаат можност да ја слушнат вашата презентација. Така полесно и побрзо ќе го надминете стравот и непријатноста. Можете да им дадете картички на кои анонимно ќе ги напишат своите коментари, а вам ќе ви послужат како патокази за што поуспешен настап и презентација.
Усовршувањето на јавното зборување значи вежбање и подготовка.За некои јавното говорење претставува предизвик и вистинско уживање, миг во кој може да се истакнат себеси и да блеснат со своите ораторски вештини



