Било да станува збор за нивните резерви на нафта, геостратешката положба, или состојбата на војската и наоружувањето, 10 земји во светот се наоѓаат во посебно „незгодна“ положба.На Јутјуб се појави интересно видео со наслов „10 најнесигурни земји во случај на Трета светска војна“.
Иако на оваа тема многу се има зборувано и пишувано, во овој случај интересно е да се види кои се причините за несигурност.
Ќе се изненадите од изборот.
Израел
Израел е една од земјите во која во случај да почне Трета светска војна, сигурно ќе се најде во големи проблеми. Увезува поголем дел од храната и горивото, а водата во целиот регион од секогаш била камен за сопнување. Познато е дека Израел не им е наклонет на своите соседи, а ниту тие нему. Судирите со Палестинците траат веќе со децении.
Русија
Во случај да почне нуклеарна војна Русија е посебно несигурна, имајќи предвид дека може да биде мета. Покрај тоа, во Русија постои систем кој се вика Мртва рака, кој ги следи сите нуклеарни активности над руска територија. Вo случај на нуклеарен напад или ако руското раководство настрада во нуклеарен судир, системот го активира целото руско нуклеарно оружје на нејзина територија, пишува „Бизнис Инсајдер“.
Овој систем е создаден за време на Студената војна и нема потврда дека е исклучен.
Иако Русија ја разгледуваше можноста целиот систем да биде автоматски, сепак, на крајот се одлучи последниот збор да го има човекот. Во Русија постои посебен бункер кој за време на Студената војна бил најсигурно место на Земјата. Во тој бункер имало неколку војници кои чекале на готовс да се исполнат трите услови пред да биде активиран системот.
Првиот е делегирање, те. добивање заповед да бидат подготвени, вториот по убивање на целиот советски врв, а третиот е активна нуклеарна војна. Ако се вклучат сите три светилки, на сцена стапуваат тие во бункерот и ја активираат нуклеарната одмазда.
САД
Слично како и со Русија, на САД не би им било ништо полесно. Иако се воено и нуклеарно многу вооружени, постои можност да не стигнат да го активираат оружјето пред напад од друга страна.
Освен тоа, судири на светско ниво на земјата ќе ѝ донесат големи проблеми во внатрешната политика. Разединетоста на земјата би земала замав, а неможноста да се спроведе контрола, ќе му даде недостижна предност на американскиот криминал.
Либерија
Голем дел од воените експерти во светот мислат дека Третата светска војна е веќе почната или дека во секој момент ќе започне. Како и во секоја глобална војна досега, така и при оваа во најголема опасност се земјите кои се највклучени и изложени на светските случувања, но секогаш страдаат и оние за кои не знаеме дека постојат додека не ги погоди на страшна трагедија.
Либерија, која неодамна беше погодена од ебола, најмногу зависи од финансиската помош на САД, па ако пропаднат САД, ќе ја повлечат и неа.
Соломонските Острови
Уште една сиромашна земја, односно втората најзависна од странска помош, која не само поради сиромаштијата, ќе настрада и поради местоположбата. За време на Втората светска војна Соломонските Острови биле стратешка точка меѓу југоисточна Азија и Австралија и Нов Зеланд. Околу Соломонските Острови тогаш се воделе големи битки, а во случај на нова светска војна, веројатно ги чека слична судбина.
Саудиска Арабија
Малку неочекувано, но на првото место најнесигурни земји во случај на нова светска војна во видеото се наведува Саудиска Арабија.
Иако има најголеми резерви на нафта и добро соработува со многу земји, токму нафтата би можела да ја запали. Во случај на голема војна многу земји би ги опколиле оние со нафтени бушотини. Со оглед на тоа што функционира исклучиво со помош на заштитнички сојузи зашто има многу малку своја војска, оваа земја би се нашла во незавидна положба.
Освен тоа, Саудиска Арабија, како и Израел, увезува храна, а и ситуацијата со водата не ѝ оди во прилог.
Иако е монархија, постои големо незадоволство од власта, што во случај на судир многу веројатно би довело до целосен внатрешен колапс.
Дознајте во видеото кои се останатите 4 земји.На Јутјуб се појави интересно видео со наслов „10 најнесигурни земји во случај на Трета светска војна“.
Иако на оваа тема многу



