Едно од прашањата коишто најмногу го мачат секој човек е што нѐ очекува во иднина. Бројни се романите и филмовите кои се обидуваат да ја предвидат иднината на човештвото и каков би бил животот со децении и векови напред.Токму таков живот денеска живее Отис Џонсон, човек кој последен пат го видел светот кога имал само 25 години. Имено, тој заглавил во затвор и таму поминал 44 години.
„Застанав на Тајмс Сквер и гледав каква е атмосферата. Новите работи што се случуваа. Забележав дека сите или барем повеќето луѓе зборуваа сами со себе. Тогаш погледнав одблиску и забележав дека имаат нешто во ушите“, така го опишува Џонсон првото свое искуство со новата технологија по излегувањето од затворот.
„И првото нешто што си го помислив беше, сите станале ЦИА агенти? Тоа е единствената работа која можам да ја помислам кога ќе видам некој со слушалки во ушите“, додал тој.
Она што му било најчудно било колку луѓето се сконцентрирани на своите телефони, па воопшто не гледаат во другите луѓе, ниту каде одат.
Џонсон дал фасцинантна перспектива за тоа колку светот се има сменето во последните четириесетина години:Токму таков живот денеска живее Отис Џонсон, човек кој последен пат го видел светот кога имал само 25 години. Имено, тој заглавил во затвор и таму



