Низ вековите наназад, постоеле различни начини со кои наводно може да се одреди нечија личност само со еден поглед. Овие теории и верувања често поврзуваат одредени делови од телото со карактерните особини на некоја личност.Актуелните трендови се фокусираат врз обликот на ноктите. Првобитно, ова толкување почнало да се применува во Азија, но брзо се проширило и на Западот. Во принцип, сѐ зависи од вас и од тоа колку сте се задлабочиле во читањето, како и од тоа колку навистина верувате во овие работи.
На фотографијата погоре пронајдете го вашиот облик на нокти и бројот и прочитајте каква личност сте.
1. Вертикален долг нокт – благ карактер, прецизни, фантазери и креативни. Овие луѓе генерално се сложуваат со сите.
2. Широки нокти – искрен, не прифаќаат глупост, со краток фитиљ и теоретичари. Овие луѓе секогаш ја говорат вистината, без разлика на сѐ и често на другите им даваат совети.
3 и 4. Округол или елипсоиден облик – овие луѓе се опуштени, единствени, позитивни и разумни. Живеат во свој ритам и не дозволуваат ситници да им го упропастат животот, што значи дека имаат голем број долгорочни пријатели.
5. Квадратен облик – лидери, силни, вешти и храбри. Овие луѓе често се многу сериозни и останатите ги гледаат како лидери. Сепак, тие имаат и мека страна која е резервирана само за најблиските.
6 и 7. Триаголни или инвертни нокти – паметни, перфекционисти, иновативни, оригинални. Можно е овие луѓе да се генијалци и да размислуваат побрзо од другите. Обично другите луѓе се фасцинирани од нив.
8. Бадемасти нокти – верни, искрени, пријателски настроени, убави. Овие луѓе најчесто се многу љубезни и цврсто стојат на земјата кога тоа е потребно. Другите уживаат во нивно друштво и го обожуваат начинот на кој тие ги решаваат проблемите.
9. Нокти во облик на меч – инспиративни, продуктивни, визионери. Тие се фокусирани на долгорочни цели и ја гледаат „пошироката слика“, влијаат на луѓето со наградување и на позитивен начин.Актуелните трендови се фокусираат врз обликот на ноктите. Првобитно, ова толкување почнало да се применува во Азија, но брзо се проширило и на Запа



