Граѓаните на Нов Зеланд ќе имаат прилика да го сменат државното знаме на својата земја. Тие, на референдумот во септември ќе бираат помеѓу 40 потенцијални државни симболи, односно знамиња.Инаку, 40-те понудени знамиња ги избрала независна комисија.
Откако ќе се донесе одлука во септември, граѓаните на Нов Зеланд ги очекува уште еден референдум што ќе се одржи во 2016 година.
На референдумот ќе се овозможи избор помеѓу актуелното знаме и знамето коешто ќе биде избрано од понудените 40.
Сегашното знаме на Нов Зеланд се најде на удар, бидејќи во горниот лев агол се наоѓа знамето на Велика Британија како симбол на колонијална сила, а на остатокот се наоѓаат четири ѕвездички на тегет позадина, кои го претставуваат соѕвездието Јужен крст од Млечниот пат.
Инаку, 40-те понудени знамиња ги избрала независна комисија.



