Научниците откриле солена површина за која се верува дека била последно место за населување на Марс.Студијата што била објавена во четвртокот во списанието Geology, испитувала наслаги на сол кои заземаат 45 квадратни километри во регионот Меридијани од оваа планета, недалеку од местото каде што слета роверот Opportunity. Според примерот на Земјата, големите наслаги на сол обично се јавуваат на места кадешто испарило поголемо количество вода.
Дигиталното мапирање на теренот и минеролошката анализа околу наслагите, укажуваат на тоа дека ова место не е постаро од 3,6 милијарди години, што значи дека постоело во времето кога Марс бил доволно топол за да има вода на планетата. Инаку, научниците веруваат дека соларниот систем се формирал пред околу 4,6 милијарди години.
„Таму се наоѓало езеро и скоро точно одредивме колку би можело да биде старо“ – изјавил Брајан Хајнек, истражувач и соработник во Лабораторијата за атмосферска и вселенска физика при Универзитетот во Колорадо и водечки автор на студијата.
„Можеме да бидеме сигурни дека ова е последното езеро коешто се наоѓало на Марс“.
Врз основа на соленоста и дебелината на солта, научниците процениле дека езерото било 10 пати посолено отколку океаните на Земјата, но и дека тоа било доволно таму да се создадат микроорганизми.
„Ако ја земеме в предвид соленоста, тоа значи дека езерото можело да биде населено додека постоело“ – изјавил Хајнек.
Меѓутоа, тој напоменал дека и други фактори, како што е киселоста, не биле опфатени со студијата.Студијата што била објавена во четвртокот во списанието Geology, испитувала наслаги на сол кои заземаат 45 квадратни километри во регионот Меридија



