Дали најмладо или најстаро дете во семејството на многумина им одредува бројни сегменти во вашиот живот.Иако образецот не е за сите ист, престижното истражување на психолозите открило бројни занимливости кои се однесуваат токму на овој феномен.
Тимот на стручњаци од американскиот Child Development институт открил дека „средните деца“ во семејството најчесто патат од синдром на хроничен замор, додека единците се исклучително амбициозни. Погледнете уште какви интересни факти излегле на виделина.
1. Првородено дете
Карактер- Првородените деца се дисциплинирани, па дури имаат и поголем коефициент на интелегенција, а како објаснување се наметнува фактот дека родителите биле построги во нивното воспитување.
Образование- Постарите деца во поголеми случаеви го сакаат училиштето, а шансите се 16 отсто поголеми да се стекнат со неколку различни дипломи, во однос на своите браќа и сестри.
Кариера- Логично е дека со изразената потреба за поголемо образование, доаѓа и амбицијата, кога е во прашање кариерата. Често се наоѓаат во некои раководечки позиции.
Здравје -Постарите деца се подложни на алергии, а причината за тоа е тоа што родителите во детството значително повеќе ги заштитувале, па затоа и почесто се разболуваат.
Односи- Првородените деца често влегуваат во брак порано од своите браќа или сестри, а притоа им е доста важен благословот од родителите.
2.Средно дете
Карактер- Задоволни се, друштвени и одлични во тимските спортови бидејќи од најраните денови научиле да бидат опкружени со помладите сестри и браќа.
Образование- Имаат доста добри резултати на училиште и на факултет, а сакаат и предмети на кои до израз може да дојде нивната натпреварувачка способност.
Кариера- Со оглед на тоа дека се научени на интеракција со младите и старите, средните деца одлично се вклопуваат во сите работи, каде акцентот се става на тимската работа.
Здравје- Имаат помал индекс на телесната тежина во однос на браќата или сестрите, а склони се на синдром од хроничен замор.
Односи- Истражувањето покажало дека средните деца се исклучително задоволни во односите бидејќи конечно се наоѓаат во некој центар на внимание и не чувствуваат притисок од ничија страна.
3. Најмало дете
Карактер- Најмалите деца имаа големо внимание од страна на родителите, постарите браќа и сестри, но и од остатокот на семејството бидејќи често се омилени и во друштво на пријателите.
Образование- На најмалите во многу случаеви им е причично тешко на училиште бидејќи родителите најмалку ги надгледуваат, а истовремено се и доста упорни и амбициозни.
Кариера- Често се занимаваат со некакви уметнички или креативни работи кои ќе им овозможат и понатаму да бидат во центарот на вниманието.
Здравје- Истражувањето покажало дека најмладите деца се подложни на дроги, па нивното здравје често го нарушуваат болести со зависности.
Односи- Бараат односи во кои ќе се чувствуваат емоционално и сигурно. Со оглед на тоа дека во семејството се навикнати другите да ги завршуваат работите место нив- истото го бараат и во емоционалниот однос.
4. Единствено дете
Карактер- Самостални се, не сакаат групни активности, а кога ќе пораснат помалку време поминуваат во кругот на семејството и роднините.
Образование- Токму како и првородените деца, единците исто така тежат кон квалитетно образование.
Кариера- Исклучително се амбициозни и се стремат кон високи позиции. Сакаат да се истакнат помеѓу колегите и да ги воодушеват своите родители.
Здравје- Недостатокот на браќа и сестри може да има значително влијание на психичкото здравје кај единците,а родителите доста се ослонуваат на нив- посебно во подоцните години кога од својот единец бараат многу внимание.
Односи- Единците сакаат да доминираат во односите и сакаат да се грижат за нив- онака како што родителите се грижеле за нив целиот живот.Иако образецот не е за сите ист, престижното истражување на психолозите открило бројни занимливости кои се однесуваат токму на овој феномен.



