Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), постапувајќи по пријава на натпреварувачката комисија, врз основа на изјавите на службените лица за Куп натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, го казни ФК Пелистер со парична казна од 2.500 евра.
„Ф.К.Пелистер од Битола се казнува за прекршоци што ќе ги сторат навивачите било на свој или на туѓ терен , а заради фрлање со тврди предмети, шишиња и петарди во теренот при што во 80 минута од натпреварот, вториот помошен судија Симеон Грданоски бил удрен со лименка по што истиот изгубил рамнотежа и паднал“, стои во соопштението на ФФМ.
Првиот четвртфинален натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу ‘вечните ривали’ Пелистер и Вардар заврши со победа на гостите од 0:1, возвратниот дуел, по кој ќе биде познат полуфиналистот ќе се одигра во среда, во Скопје.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: